Дома Топ вести Гвардиола носи замена за Де Брујне од 150 милиони

Гвардиола носи замена за Де Брујне од 150 милиони

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Манчестер Сити нема да жали пари за да му ја исполни желбата на Гвардиола.

„Граѓаните“ ова лето најверојатно ќе се разделат со Кевин де Брујне, а Гвардиола смета дека токму Виртц е идеалниот наследник на Белгиецот.

Сити е спремен да понуди 150 милиони евра и така да ја победи големата конкуренција на Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…