Дома Фудбал Останато Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да го доведам Меси – никогаш!

Oткако денес „Мундо Депортиво“ објави детали од наводната понуда на Манчестер Сити за Лионел Меси, Пеп Гвардиола се огласи на таа тема.

Пеп веќе долго време тврди дека Меси ќе ја заврши својата кариера во Каталонија, но и покрај тоа секогаш се поврзува со трансфер во Манчестер Сити. Сепак, Гвардиола во изјава за англиски „Стандард“ порача дека никогаш не се обидел да го доведе Меси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога стигнав во Баерн и Манчестер Сити, никогаш не сум побрал да ми биде доведен Меси. Знам колку тој е важен за Барселона. Никогаш не направив таков чекор. Никогаш. Ви кажав 1000 пати дека сакам да остане во Барселона“, порача Гвардиола.

Гвардиола во четири сезони во Барселона освои 14 трофеи што го прави најуспешен тренер во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА доби 500 милиони барања за билети за СП: Еден натпревар е омилен кај навивачите

ФИФА објави дека примила повеќе од 500 милиони барања за билети за Светското првенство 202…