Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола не се штеди ниту кога е сигурен: Сити во Доњецк гостува со сите сили

Гвардиола не се штеди ниту кога е сигурен: Сити во Доњецк гостува со сите сили

Граѓаните во последното коло во рамки на групната фаза од ЛШ, се среќаваат со екипата на Шахтјор во Доњецк, а Гвардиола таму со себе го понесе најсилниот состав.

Од најголемите ѕвезди на клубот, овој меч ќе го пропушти само Кевин Де Брујн и Давид Силва, кои останаа во Англија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Не е познато кој состав Гвардиола ќе го испрати на теренот од првата минута, но јасно е дека во него ќе бидат голем број фудбалери нна кои инаку сериозно размислува и во најважните натпревари во Премиер лигата.

Манчестер Сити за мечот против Шахтјор ги пријави следните фудбалери: Едерсон, Браво, Гришо, Вокер, Данило, Компани, Мангала, Адарабиојо, Делф, Отаменди, Фернандињо, Туре, Гундоган, Сане, Бернардо, Стерлинг, Фоден, Диаз, Агуеро, Хесус.

Ситуацијата пред последното коло во групата Ф, говори дека второто место е безицирано за Шахтјор или Наполи, па Сити индиректно би можел да пресуди во битката за оваа позиција. Шахтјор има девет, а Наполи шест бодови, додека Фејнорд нема ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…