Дома Фудбал Англија Гвардиола не се согласува со Мурињо: Ништо не е готово!

Гвардиола не се согласува со Мурињо: Ништо не е готово!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека битката за титулата не е завршена, и покрај фактот што неговиот тим има предност од 15 бода.

Денес неговиот најголем конкурент, Жозе Мурињо „крена бело знаме“ и изјави дека битката за титулата е завршена, но Гвардиола не се согласува со тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Има уште 13 кола, 39 бода кои можат да се освојат, а нашата предност е 15 бода. Ништо не е завршено. Ни остануваат многу тешки натпревари. На пример утре. Сите знаат дека е многу тешко да се игра против Барнли. Треба да му гостуваме и на Стоук, и на Евертон. Треба да играме со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Челзи. Дефинитивно битката за титулата е отворена“, смета Гвардиола.

Каталонскиот стратег додаде дека се уште не е јасно дали Давид Силва ќе игра против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски објави фотографија од теретана, навивачите на Барселона воодушевени (Фото)

Без сомнение, еден од најдобрите напаѓачи на светско ниво во последните петнаесетина годин…