Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Не можевме да го контролираме Меси 90 минути

Гвардиола: Не можевме да го контролираме Меси 90 минути

Вчера Манчестер Сити одигра добар натпревар против ПСЖ, но „граѓаните“ не ги искористија своите шанси. Посебно Сити може да жали за пропуштената шанса на Бернардо Силва кога од три метри ја погоди пречката место празниот гол.

По натпреварот Пеп Гвардиола зборуваше и за Меси кој го постигна вториот гол за ПСЖ, тоа беше негов прв дресот на „светците“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„СО ПСЖ добро се справувавме, но знаевме дека не можеме да го контролираме Меси 90 минути. Се враќаше од повреди, не беше многу со топката, потребен му е ритам, но многу добро знаеме дека кога топката е кај него може да биде незапирилив. Се обидовме таквите опции да ги сведеме на минимум, задоволен сум од начинот на кој игравме“.

„Дојдовме тука да играме фудбал и одигравме добар натпревар, требаше да постигнеме голови, меѓутоа не го направивме тоа и бевме казнети“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дел Пиеро остро го нападна италијанскиот фудбал

Легендарниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро во еми…