Дома Фудбал Англија Гвардиола: Не жалам што Санчо го напушти Сити

Гвардиола: Не жалам што Санчо го напушти Сити

Еден од најперспективните фудбалери во Европа, Џејдон Санчо ќе игра против својот поранешен клув Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

Манчестер Сити многу лесно се откажа од Санчо, кој во Борусија Дортмунд се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Сега многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, но Гвардиола тврди дека не жали што го пуштил да замине од Манчестер Сити.

„Не жалам за ништо. Тој донесе одлука, добро му оди. Честитки, тој е исклучителен играч, репрезентативец со огромен квалитет, кој навистина добро се снаоѓа во Дортмунд. Сакавме тој да остане но тој одлучи да замине и кога луѓето ќе одлучат да заминат се што можеме е да им дозволиме. Му посакувам се најдобро, освен кога игра против нас. Воопшто не жалам. Ако тој е среќен, јас сум среќен“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави веќе започна преговори со Барселона

Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека Барселона започнала преговори со Чави Ернанд…