Дома Фудбал Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја победи Вила со гол во 94. минута, Гвардиола се радуваше како да освоил титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити оствари важна домашна победа од 2-1 против Астон Вила во првиот натпревар од 34. коло на англискиот шампионат, со што нивниот тим стигна до третото место во поредокот и многу блиску до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Домашните поведоа во 7. минута со голот на Бернардо Силва, Рашфорд од пенал израмни на 1-1 во 18. минута по невнимателниот старт на Рубен Диас врз Ремзи во шеснаесетникот, а тој резултат стоеше до четвртата минута од судиското надополнување на вториот дел кога Матеус Нунес го искористи одличниот пробив од Доку и постигна гол.

Сити сега е трет на табелата со 61 бод, еден повеќе од четвртопласираниот Нотингем Форест и два повеќе од петтопласираниот Њукасл Јунајтед, додека Астон Вила останува седма со 57 бодови, исто колку и шестопласираниот Челзи.

Три од тие пет екипи ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, а водечките Ливерпул (79) и второпласираниот Арсенал (66) ги обезбедуваат првите две места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен судија по голот на Арсенал: Време е за промена на правилата

Поранешниот помошен судија на Премиер лигата Дарен Кан предложи промена на фудбалските пра…