Дома Фудбал Гвардиола на дербито со Арсенал: Го добивме заслуженото

Гвардиола на дербито со Арсенал: Го добивме заслуженото

Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2:2 на стадионот „Етихад“ во дербито од петтото коло од англиската Премиер лига.

Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, а потоа еден од нивните најдобри играчи Родри мораше да ја напушти играта поради повреда во 21. минута.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Арсенал направи пресврт на крајот од првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел.

Во судиското надополнување на првото полувреме, лондонскиот клуб остана со десетмина на теренот бидејќи Леандро Тросард доби втор жолт картон.

Сити притисна во вториот дел, а Џон Стоунс постигна гол во 98. минута за реми. Тренерот на домаќините Пеп Гвардиола даде изјава по натпреварот.

„Не знам колку играчи на Арсенал почувствуваа грчеви, но секако дека тоа може да се случи на тежок натпревар.

На крајот го добивме она што го заслуживме“, изјави Гвардиола за Скај Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не се памети кога некој фудбалер одиграл толку лошо како Хаверц против Манчестер Сити

Викендов Арсенал и Манчестер одиграа реми 2:2 во дербито од Премиер лигата, а овој натпрев…