Дома Фудбал Останато Гвардиола може да стане селектор на Холандија?

Гвардиола може да стане селектор на Холандија?

Пеп Гвардиола би можел да биде следниот холандски селектор, пишува „Мирор“.

Се погласни се најавите дека шпанскиот стратег во летото 2023 година по истекот на договорот ќе го напушти Манчестер Сити каде што е од 2016 година. Холандскиот фудбалски сојуз наводно сериозно работи да го доведе 51-годишниот стратег и да му го понуди местото на кое во овој момент е Луис Ван Гал.

Гвардиола и самиот неколку пати претходно најавуваше дека би сакал да води репрезентација.

„Мислам дека ќе ми биде доста после седум години во клубот. Веројатно потоа ќе земам пауза, па ќе водам некој јужноамерикански клуб или некоја репрезентација“, изјави Гвардиола уште минатото лето.

Пред да го преземе Сити, Гваридола беше тренер на Баерн, а пред доаѓањето во Минхен имаше 12 месеци пауза откако ја напушти Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Погреши ли ВАР со голот на Бензема?

На полувремето во Париз помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид нема голови, најинтересниот момент с…