Дома Трансфер зона Гвардиола го „краде“ Олмо пред носот на Барселона

Гвардиола го „краде“ Олмо пред носот на Барселона

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо на „Камп Ноу“, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Сити.

Олмо е дете на „Ла Масија“ од каде замина во Динамо Загреб, а веќе неколку сезони игра одлично во Лајпциг.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанецот сака да се врати на „Камп Ноу“, но проблем е што Барселона има фанансиски проблеми и не може да го купи. Олмо има договор со Лајпциг до 2024 година, па Каталонците го советувале да не ја продолжува соработката и да пристигне во Барселона како слободен агент.

Меѓутоа, Лајпциг сака да избегне такво сценарио и ќе го стави Олмо на трансфер пазарот, а таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Сити.

Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на Олмо, а „граѓаните“ нема да имаат проблем да ја платат сумата од 40 милиони евра која ја бара Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…