Дома Топ вести Гвардиола го жртвува Бернардо Силва поради Кејн

Гвардиола го жртвува Бернардо Силва поради Кејн

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е блиску до комплетирање на трансферот на Хари Кејн од Тотенхем.

„Граѓаните“ за потписот на Кејн ќе платат 160 милиони фунти и со тоа трансферот ќе стане втор најскап во историјата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сити, освен Кејн, го сака и Џек Грилиш од Астон Вила, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.

Прва жртва на трансферот на Кејн ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.

Се шпекулира дека покрај Силва, „граѓаните“ ќе ги продаваат и Ријад Марез, Рахим Стерлинг и Габриел Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…