Дома Фудбал Останато Гвардиола бесен на ФИФА: Зарем само Лигата на шампионите е важна?

Гвардиола бесен на ФИФА: Зарем само Лигата на шампионите е важна?

Ниту еден играч на Манчестер Сити не се најде во топ 10 изборот „Тhe Best“.

ФИФА во средата го објави списокот на кандидати за престижната награда која ќе ја добие најдобриот играч за минатата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меси, Азар, Роналдо, Мбапе, Кејн, Салах, Мане, Ван Дајк, Де Лихт и Де Јонг ќе се борат за наградата која минатата година ја освои Лука Модриќ.

И покрај фантастичната сезона ниту еден играч на Сити не се најде во изборот и тоа на Гвардиола не му се допадна.

„Нема да кажам дека номинираните 10 не заслужуваат. Но, пример, во изборот на Премиер лигата имавме пет или шест номинации. Освоивме четири титули и за ФИФА тоа не е успех. Очигледно важно е само како играте во Лигата на шампионите и важните натпревари, поголемиот дел од сезоната изгледа не се зема во предвид“, порача Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Палмер го напушта Челси и потпишува за голем ривал на „сините“!?

Кол Палмер, ѕвездата на Челси, наводно копнее за враќање во родниот град и би бил отворен …