Македонскиот шампион, Вардар убедливо загуби на гостувањето во Копенхаген со 4:1 и им стави крај на своите соништа за настап на европската сцена.
По раната предност на домашниот состав преку Грегус во 2. минута, Николов успеа да израмни и да му донесе значајна предност на македонскиот состав.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот дел се заокружи со резултат 2:1 за Копенхаген, а тоа беше резултат на автоголот на Барсегјан во 26. минута.
Во вториот дел, стрелецот на првиот погодок за домашните, Грегус заработи црвен картон, па оттаму се чини резултираше опуштеноста во одбраната на нашиот тим, која беше казнета со погодокот на Сатандер во 72. минута.
Непосредно пред крајот, кога Вардар постојано напаѓаше, при една контра на домашните, Гачевски направи аматерска грешка во својот шеснаесетник, по која беше досуден пенал за Копенхаген.
Стрелец на четвртиот погодок беше Сотириу во 88. минута, кој беше прецизен од белата точка.