Дома Фудбал Италија Гатусо: Пијатек е љубопитен, ме потсетува на Томасон

Гатусо: Пијатек е љубопитен, ме потсетува на Томасон

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо го прокоментира новиот напаѓач на Росонерите Криштоф Пијатек и го спореди со помалку заборавениот Џон Томасон.

Пијатек неодамна го засили Милан за 35 милиони евра, а веќе имаше прилика и да дебитира за новиот клуб во дуелот со Наполи, кој заврши 0:0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај тоа што не постигна гол, Гатусо беше задоволен од она што го видел од Пијатек, од кој се очекува многу во периодот кој доаѓа.

„Тој ме потсетува на Џон Томасон и има специфични особини. Гледам дека е љубопитен, ги гледа сликите на Миланело, сака да набљудува, разговара и чувствува она што го имаме на ова место. Тоа е фантастично.“ – изјави Гатусо.

Интересно е тоа што полскиот напаѓач и својот втор натпревар за Милан ќе го одигра против Наполи, вечерва во рамките на Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…