Дома Фудбал Италија Гатузо открива: Ова не е шега, паузата на „Росонерите“ е под строг ГПС мониторинг

Гатузо открива: Ова не е шега, паузата на „Росонерите“ е под строг ГПС мониторинг

Џенаро Гатузо се обидува да го подигне Милан, кој оваа сезона се наоѓа одвај на 11. позиција во Серија А.

Меѓутоа, „Росонерите“ преку градскиот ривал Интер стигнаа до полуфиналето во Купот на Италија, а ги чека и 1/16 финалето во Лига Европа против Лудогорец.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Момнетално во Италија е двонеделната зимска пауза, а некогаш легендарниот играч за врска, откри како играчите ги следи преку ГПС.

„Никому нема да му наштетат овие неколку дена одмор. Освен тоа, сите играчи добија програм кој мораат да го одработат, па ги следиме преку ГПС. Се надевам дека играчите ќе се однесуваат професионално и дека нема да го дадат својот ГПС на некој друг“, истакна тренерот на Милан.

Неспорно, Милан има добри фудбалери, но му недостасува тимскиот дух…

„Ме изненади пристапот и менталитетот на играчите на тренинзите. Воочив многу заложување и желба така да се продолжи. Но, нашиот проблем е што не играме како тим. Имаме многу фантастични играчи кога се на топка и затоа мораме да поработиме на тимскиот дух. Планирав да го однесам тимот во Дубаи, но игтачите веќе уплатиле свои патувања, така што ова останува опција за некој следен пат. Приоритет ни е работа на физичката и психичка сила. Ќе одиме натпревар по натпревар и ќе видиме каде ќе се најдеме на крајот“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …