Дома Фудбал Италија Гатузо: Никогаш не е добро време да играте против Јувентус

Гатузо: Никогаш не е добро време да играте против Јувентус

Џенаро Гатузо изрази почит кон Јувентус пред финалето во Купот на Италија кое се игра утре вечер.

Во Рим пред празни трибини Наполи ќе игра против Јувентус за трофејот во купот. Доколку нема победник во 90 минути веднаш ќе се изведуваат пенали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Никогаш не е добро да играте против Јувентус, Јувентус има ДНК секогаш да се спремни. Мораме да ги почитуваме, но и да одиграме во склад со нашите можности и со нашата сила“, изјави Гатузо.

Гатузо имаше пофалби и за Маурицио Сари.

„Ми се допаѓа неговиот стил. Неколку пати во последните години сум ја копирал неговата тактика. Гледав толку снимки од тоа како ја организира обраната“, призна Гатузо.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи се игра утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија ќе игра против Босна пред почетокот на Светското првенство!

Македонската фудбалска репрезентација во јуни ќе има тест-дуел против Босна и Херцеговина,…