Дома Фудбал Италија Гатузо наредната сезона ќе води друг клуб во Италија?

Гатузо наредната сезона ќе води друг клуб во Италија?

Aко им веруваме на италијанските медиуми тешко дека Џенаро Гатузо наредната сезона ќе седи на клупата на Наполи.

Иако јавно призна дека е фокусиран на завршницата на сезоната со Наполи, наводно Гатузо би можел да ја превземе Фиорентина. Наводно, Гатузо веќе влегол интезивни преговори со клубот од Фиренца со кој треба да договори уште некои детали.

Поранешниот фудбалер на Милан ќе потпише договор на две години со опција истиот да се продолжи на уште една сезона. Платата би му била два милиони евра по сезона.

Инаку, договорот на Гатузо со Наполи истекува на крајот на сезоната, а Аурелио Де Лаурентис се уште не му понудил продолжување на соработката.

Ќе се обиде Гатузо да ја заврши сезоната со Наполи колку што е можно подобро, ситуацијата можеби би се променила ако Наполи избори место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави веќе започна преговори со Барселона

Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека Барселона започнала преговори со Чави Ернанд…