Дома Фудбал Гасперини за својата иднина: „Ова е како кога сте во брак и имате деца, но…

Гасперини за својата иднина: „Ова е како кога сте во брак и имате деца, но…

Аталанта го совлада германскиот шампион Баер со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.

Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини проговори за својата иднина. Него веќе некое време го бара Наполи: „Вечерва славиме, а утре ќе разговарам со претседателот и ќе видиме што ќе се случи. Во чудна ситуација сум. Ова е како кога сте во брак и имате деца, но запознаваш неверојатно убава жена, можеби тоа не е најдобриот пример што можев да го кажам на телевизија“, низ смеа изјави искусниот италијански тренер.

Наполи наводно му понудил на 66-годишниот богат договор. Гасперини е на клупата на Аталанта од летото 2016 година, а во кариерата ги водеше и Кротоне, Џенова, Интер и Палермо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…