Тренерот на ПСЖ, Кристолф Галтие му одговори на Килијан Мбапе за неговата изјава од пред неколку дена.




Мбапе изјави дека повеќе ужива играјќи за репрезентацијата бидејќи има поголема слобода во играта отколку во ПСЖ.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Неговата анализа околу позицијата беше коректна. Точно е дека не игра исто за ПСЖ и за репрезентацијата. Во дискусијата која ја водевме за време на пресезоната со претседателот и директорот Кампос, воочивме како сакаме да изгледа структурата на нашиот напад. Бевме убедени дека ни треба и четврти играч со различни карактеристики, но за жал, тој четврти играч не дојде“.




„Што се однесува до слободата во игра, не верувам дека има помалку слобода кај нас. Со Жиру во Франција има играч кој му отвора простор по страна, тука во ПСЖ немаме таков профил“, изјави Галтие.