Дома Фудбал Италија Галиани: Европските гиганти може да банкротираат поради коронавирусот

Галиани: Европските гиганти може да банкротираат поради коронавирусот

Поранешниот трансфер гуру на Милан, Адриано Галиани тврди дека европските клубови можат да банкротираат поради пандемијата со коронавирус.

Поранешниот втор човек на Милан е загрижен за финансиската состојба во европскиот фудбал и вели дека фудбалот се соочува со „проблем што не е целосно разбран“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Само вирусот е тој кој може да го одреди датумот на почетокот за продолжување на сезоната. Навистина е тешко. Еден ден морате да се вратите на тренинзите, а потоа ви требаат четири недели да бидете подготвени за да играте. Навистина не знам кога првенствата би продолжиле“, истакна Галиани.

„Сметките на клубовите експлодираат поради нивните долгови и загубата на ТВ Правата. Ситуацијата станува драматична. Не само што недостасува некоја рата од ТВ правата, тука се и заработките од стадионите. И УЕФА се уште не ги дистрибуирала тие 400 милиони евра од европските купови. Големите клубови во Европа ризикуваат банкрот, намалувањето на платите нема да биде доволно“, тврди Галиани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…