Дома Фудбал Германија Гази се пред себе: Алонсо постави рекорд со Леверкузен!

Гази се пред себе: Алонсо постави рекорд со Леверкузен!

Германскиот тим Баер Леверкузен вчера славеше со 2-1 против Мајнц и освои нови три бодови во трката за титулата во Бундеслигата, а воедно испиша и рекорд.

Избраниците на Чаби Алонсо оваа сезона играат одлично во сите натпреварувања, па не знаат за пораз на дури 33 натпревари и тоа е нов рекорд за германски тимови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баер со победата против Мајнц му избега на Баерн Минхен на дури 11 бодови на врвот на Бундеслигата, а воедно има постигнато 97 голови во 33 меча оваа сезона.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Алонсо ќе замине од клубот, а интерес покажаа Баерн и Ливерпул, но тренерот кажа дека останува посветен на Баер до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед го сакаат Начо

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…