Дома Фудбал Италија Поделени наградите за најдобрите во Италија: Роналдо прогласен за играч на годината

Поделени наградите за најдобрите во Италија: Роналдо прогласен за играч на годината

Додека сите очи беа вперени кон Париз и доделувањето на Златната која му припадна на Меси во Милано се делеа наградите за најдобрите поединци и тимови за 2018/2019 година во Серија А.

Кристиано Роналдо е избран за најдобар фудбалер во Серија А, Самир Хандановиќ за најдобар голман, а за наградата за најдобар тим ја освои Аталанта. Судиското признание отиде во рацете на Роки, додека за најдобар тренер беше прогласен Гасперини (Аталанта).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се избра и идеалниот тим кој изгледаше вака: Хандановиќ (Интер), Кансело (Јувентус), Кулибали (Наполи), Киелини (Јувентус), Коларов (Рома), Иличиќ (Аталанта), Барела (Интер), Роналдо (Јувентус), Запата (Аталанта) и Кваљарела (Сампдорија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна договор: Хрват ќе го води Тотенхем!

Игор Тудор ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, меѓ…