Дома Фудбал Останато Па ова е навистина смешно! Доказ дека Нејмар добива се што сака во Париз

Па ова е навистина смешно! Доказ дека Нејмар добива се што сака во Париз

Првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар нема да игра во вчерашниот натпревар од Лига Купот против Стразбург.

Најскапиот фудбалер во светот доби дозвола од клубот да си замине во Бразил, поради наводни семејни проблеми. Но, семејните „проблеми“ се навистина бизарни. Бразилските медиуми тврдат дека Нејмар пристигнал на роденденот на таткото на својот пријател и завршил некои обврски на заболекар.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Очигледно првата ѕвезда на тимот од Париз добива апсолутно се што сака. Тој претходно отворено побара од раководството на тимот да не игра на натпреварите кои се сметаат за неважни, а изгледа дека натпреварот против Сразбург јасно покажува како во клубот му излегоја во пресрет.

Нејмар и во текот на играњето за Барса често патуваше во Бразил. На почетокот на оваа година самоволно отиде на роденденот на сестра му и тоа во клубот не го прифатија, но и не го казнија. Во ПСЖ сосема сигурно нема да добие казна. Веќе се навикна да му ги исполнуваат сите желби и прашање е како соиграчите ќе поднесат Нејмар да биде пред сите други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…