Вардар денес го претрпе петтиот пораз во низа во Лигата на шампионите откако ПИК Сегед во Скопје славеше со 27:30.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ беше разочаран од начинот на кој Вардар го изгуби натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Честитки до ПИК Сегед на заслужената победаа. Многу сум разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој го изгубивме натпреварот. Правевме почетнички грешки во нападот на почетокот и тоа тие го искористија, понатаму само добро ја одржуваа таа предност. ПИК Сегед е еден изграден тим, тренерот Пастор тука е 8-9 години јас сум пет месеци, тешко оди создвањето на екипата. Тие во овој момент се подобра екипа од нас“.
Целта на Вардар и понатаму е да се помине групата.
„Кажав на почетокот кога забележвме неколку победи дека ќе дојдат тешки времиња кога ќе треба да покажеме карактер. Сега се тие времиња и се надеваме на подобра игра и резултати во наредните натпревари. Нашата цел од почетокот на сезоната беше да ја поминеме групата и се уште целиме кон тоа“, изјави Вујовиќ.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961