Вардар утре од 18:45 часот го чека тежок натпревар во 3. коло од Лигата на шампионите во кој противник ќе му биде дански Алборг.
Тренерот на македонскиот шампион Веселин Вујовиќ се пожали дека овој натпревар доаѓа во многу проблематичен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во клубот сите ние сме оптимисти. За кратко време одигравме многу натпревари, шест во 15-тгина дена и тоа е премногу. Заморот се чувствува кај играчите и тешко е да се биде на највиоско ниво. Алборг можеби го има најдобриот тим во Европа, на Ф4 беа втори. Станува збор за дисциплинирана екипа која прави многу малку грешки, мораме да одиграме максимално фокусирани. Вардар може да победи секого, па и Алборг, публиката ќе биде тука и со неа се е можно“, изјави Вујовиќ.
Браќата Њокас се покажаа како одлично освежување.
„Со нив добивме опасност на шутери и тие ние далеа. Со тоа добивме и опасност за нас од технички грешки, моја работа како тренер е ги смирам затоа што се потрошувачи на топка. Со Мешков одиграа страшен натпревар и свесен сум дека не може секој да го играат на тоа ниво“, истакна стратегот на Вардар.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961