Дома Фудбал Репрезентации Враќање на легендата: Икер на 37 години повторно на голот на Шпанија?

Враќање на легендата: Икер на 37 години повторно на голот на Шпанија?

kasiljas

Легендарниот голман на „Црвената Фурија“ последен пат голот на Шпанија го бранеше во 2016 година и тоа против Северна Кореја.

Помеѓу фудбалските фанови позната е фразата – формата е променлива, но класата вечна. Сега Икер Касиљас брани во одлична форма! Легендарниот Икер доживува втора младост на голот на Порто и сето тоа би можело да доведе до негово враќање на голот на Шпанците.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Такво нешто најавува мадритски „Ас“, кој открива дека селекторот на Шпанија, Луис Енрике го контактирал 37 годишниот голман и изразил желба повторно да го види помеѓу стативите на националниот тим каде што го немаше две години.

Икер е рекордер на Шпанија по бројот на настапи (167), последниот настап го забележа против Северна Кореја (6:1) во завршната фаза од припремите за Европското првенство во Франција.

Оваа сезона блеска на голот на Порто, прими само шест голови, мрежата му е недопрена веќе три во низа. Беше херој во победата над Галатасарај во Лигата на шампионите (1:0).

Конкуренцијата на голот на Шпанија е жестока. Енрике за натпреварите со Велс и Англија ги повика Де Геа, Кепа и Пау Лопез, а кога и дали Касиљас ќе биде повторно дел од националниот тим останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан размисува да го врати Алегри

Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри би можел наскоро да седне на кор…