Американската тенисерка Серена Вилијамс денеска беше поразена на првиот натпревар од долгата пауза. Беше поразена од тенисерката од Латвија Јелена Остапенко со 2:6, 6:3, 5:10 на турнирот во Абу Даби.
Серена не играше од јануари кога го освои Австралија Опен победувајќи ја Венус во финалето, а денеска одигра сосема пристоен меч против 7. тенисерка на светот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Латвијската тенисерка добро го отвори натпреварот и првиот сет го доби со 6:2, по што Серена веднаш одговори и го доби наредниот сет со 6:3. Сепак, на крајот Јелена беше подобра во последниот сет со 10:5 и славеше победа.