Дома Фудбал „Во Реал веќе и Маријано Дијаз е пред Јовиќ“

„Во Реал веќе и Маријано Дијаз е пред Јовиќ“

Шпанска „Марка“ пишува дека последниот натпревар на Реал е доказ дека Лука Јовиќ повеќе не е ниту втор напаѓач кај Зидан.

Имено, во поразот од 4:1 од Валенсија, Маријано Диаз влезе во игра од клупата пред Јовиќ, ситуација која беше изненадувачка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во неделата Маријано Диаз ги запиша првите минути во првенството. Во 14 минути поминати на теренот, Диаз покажа желба да направи разлика. Три пати шутираше, освои три топки и ги доби сите дуели во кои влезе“, пишува „Марка“.

Јовиќ никако не успева да се снајде во Реал откако летото 2019 година од Ајнтрхат премина во таборот на „кралевите“ за 60 милиони евра. Оваа сезона српскиот напаѓач настапи на пет натпревари и се уште нема гол или асистенција. Вкупно за Реал одигра 32 натпревари постигна два гола и два пати асистираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоти се враќа во Рома! Еве каква улога ќе има легендата на „Волчицата“

Франческо Тоти, иконата на Рома, е на прагот да се врати во клубот каде што го остави свој…