Ванда Нара изминатата ноќ ги воодушеви навивачите на Интер со објавата на својот Твитер поврзана со продолжувањето на договорот на Мауро Икарди.
Аргентинскиот напаѓач често пати е мета на разни шпекулации околу неговото заминување од Интер, но сепак изгледа ќе остане на „Џузепе Меаца“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговата сопруга Ванда вчера објави на Твитер дека ги разгледува страниците од новиот договор што е знак дека може да остане во Интер. Аргентинецот според последните информации ќе потпише нов договор до 2023 година според кој напаѓачот би заработувал седум милиони евра годишно.
Во новиот договор на Икарди наводно ќе има и една интересна ставка која ќе важи само за клубовите надвор од Италија. Нешто слично како и во сегашниот Икарди ќе има откупна клазула од 115 милиони евра, но таа ќе важи само за клубовите кои не се од Италија и тоа во период од 1-ви до 15-ти јули.
https://www.youtube.com/watch?v=fK5LYVd1MHs