Дома Фудбал Италија Во Наполи владее хаос: Тимот се поделил на четири кланови!?

Во Наполи владее хаос: Тимот се поделил на четири кланови!?

Тимот на Наполи во актуелната сезона влезе со амбиции и желба да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А, сепак после 20 кола Наполи е далеку од Скудето, но и од местата кои наредната сезона носат излез во Европа.

Од шестата позиција која носи во квалификациите за Лига Европа Наполи е одалечен шест бода, додека од четвртата и местото кое води во Лигата на шампионите го делат цели 14 боодови. Шампионските амбиции тимот ги изгуби од поодамна, Наполи е поблиску до зонатата за испаѓање оотколку до лидерот Јувентус.

Кризата е во тек цела сезона, но најголемо вимание од медиумите привлече кога Де Лаурентис одлучи да ги испрати играчите во карантин. Фудбалерите тогаш бојкотираа и не ја послушаа наредбата.

Сега „Газета“ пишува за нов проблем, наводно играчите се поделени на дури четири кланови и таа поделеност носи проблем на теренот. Овој проблем може да се поврзе и со изјавата на Гатузо после последниот натпревар дека тимот изгледа како утрово играчите да се запознале.

Едниот калн го сочичнувале Каљехон, Мертенс, Кулибали и Алан (предводниците на бојкотот). Вториот клан биле играчите кои имаат проблем со продолжување на договорот, Милик, Максимовиќ и Зиелински. Третиот го сочинувале играчите кои се на цена како Фабијан Руиз или Инсиње, додека македонскиот фудбалер Елиф Елмас се нашол во четвртата во која се најмладите.

Со Елмас во четвртиот клан биле Ди Лоренцо, Луперто и Лозано и тие наводно не знаеле што да прават и на која страна да се приклучат во оваа голема разединетост во тимот.

Според информациите на „Газета“ Наполи на лето планира голема реконструкција.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео: Историска ноќ за Аталанта, Мурињо не е тоа што беше

Аталанта запиша историски триумф над Валенсија (4:1) во првиот осминафинален дуел во ЛШ. М…