Италијанската лига од поодамна важи за првенство во кое најмногу внимание се посветува на одбраната меѓутоа во последните годините ситуацијата се менува, а доказ за тоа е и последната сезона.
Во сезоната која штотуку заврши во Серија А се постигнале 1154 голови или во просек 3.04 по натпревар. Со овој статистички показател италијанското првенство е помеѓу најефикасните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој број на голови на е четврт најголем во историјата на лигата. Единствено повеќе голови се постигнале пред околу 70 години во сезоната 1949/50 (1265 голови), 1947/48 (1200 голови) и 1950/51 (1192 голови).
За споредба во сезонава во Премиер лигата се постигнаа 1034 голови, во Бундесигата 982, а во Ла Лига 942.
1154 – There have been 1154 #SerieA goals in the 2019/20 campaign: only three Italian top-flight seasons have seen more. Storm. pic.twitter.com/t2So05tpDz
— OptaPaolo (@OptaPaolo) August 2, 2020