Дома Фудбал Останато Во детството крадев велосипеди, доколку не бев фудбалер ќе бев криминалец – Овој лудак денес слави роденден!

Во детството крадев велосипеди, доколку не бев фудбалер ќе бев криминалец – Овој лудак денес слави роденден!

Денес роденден слави неповторливиот, еден и единствен, Златан Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибра денес полни 36 години и сигурно станува збор за еден од најдобрите фудбалери во последната деценија. Самиот Швеѓанец за себе тврди дека е гениј, лудак и манијак, има договор со Манчестер Јунајтед, но поради повреда е надвор од терените.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


По повод роденденот на Ибра да се потсетиме на најдобрите изјави на феноменалниот напаѓач, иако навистина ги има многу.

„Бев запршан што би правел доколку не станев фудбалер. Можеби би бил криминалец. Како дете освен велосипеди крадев и по трговските центри. Ме возбудуваше одзимањето туѓи работи, еднаш бев фатен како крадам јакна“.

„Венгер ме повика на проба во Арсенал, но не знаеше дека Златан не оди на проби“.

„Џон Керју изјави дека моите трикови се бескорисни? Тоа што тој го може со топка јас го можам со портокал“.

„Во Париз сум во потрага по стан, ако не пронајдам некој што ми одговара ќе купам хотел“.

„Данците ме испраќаа во пензија. Јас целата целата нивна држава ја испратив во пензија“.

„Што сум и поклонил на мојата сопруга за роденден? Што да и поклонам, таа веќе го има Златан и тоа е повеќе од доволно“.

„Светското првенство без мене не е интересно и нема потреба да се гледа“.

„Не те повредив намерно и да знаеш, ако ме обвиниш уште еднаш, ќе ти ги скршам двете нозе и тоа ќе биде намерно“.

„Дали сум ге? Дојди кај мене дома, доведија твојата сестра и ќе ти покажам“.

„Имам црн појас во Таеквондо, ако продолжев да се занимавам со тоа веројатно би освоил неколку златни медали“.

„Како виното сум, колку сум стар, толку сум подобар“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…