Данил Шишкарев е еден од играчите кои сигурно го напуштаат Вардар. Шишкарев сега имаше интервју за рускиот „Брц центар“ и откри каква е ситуацијата со долговите кои Самсоненко ги има кон нив.
Рускиот ракометар сега го потврди она што се шпекулираше уште во февруари, а тоа е дека ракометарите добиле нотарски заверени гаранции дека се ќе им биде исплатено до крајот на година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добивме договори заверени на нотар дека сите ќе бидеме исплатени до крајот на 2020 година. Тоа е последниот рок, а можеби ќе се случи се да биде исплатено и порано“, изјави Шишкарев.
Шишкарев потврди и дека останатите ракометари помеѓу кои се Дибиров, Калараш и Горбок сакаат да останат.
„Јас не останувам и тоа е јасно поради тоа веќе не ме ни викаат на состаноците со новото раководство. Други зборови не сакам да прераскажувам, Дибиров, Калараш и Горбок сакаат да останат зборувајте со нив“, додаде Шишкарев.
Целото интервју на Шишкарев – тука.