Македонскиот голгетер Илија Несторовски минатата сезона блесна во дресот на Палермо, па и покрај многуте понуди сепак на крајот остана на Сицилија.
Сепак, ако им се верува на англиските медиуми, македонскиот репрезентативец уште во јануари ќе ја напушти Италија и ќе се пресели во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Евертон покажува силен интерес за Несторовски и сака по секоја цена да го донесе во своите редови во зимскиот преоден рок.
Роналд Куман има проблеми во напаѓачката линија и смета дека Несторовски ќе биде идеално решени, па „карамелите“ спремаат понуда од 17 милиони евра, сума која би требало да ги задоволи апетитите на Палермо.