Дома Луд Спорт Волански уапсена поради обид да втрча на финалето на Копа Америка

Волански уапсена поради обид да втрча на финалето на Копа Америка

0

Кинзи Волански била уапсена поради обид за втрчување на теренот за време на финалето на Копа Америка.

Руската бомбастична убавица и модел била уапсена при обидот да влета на фудбалскиот терен за време на финалниот дуел од Копа Америка помеѓу Бразил и Перу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on

Волански стекна огромна планетарна популарност после нејзиното влетување на теренот на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Атрактивната Русинка се обидела да го направи истиот потег на финалето од Копа Америка. Но, била спречена во нејзиниот обид и уапсена заедно со нејзиниот дечко, познатиот интернет шегаџија Виталиј Здоровецки.

„Не успеавме на Копа Америка“, напиша славниот пар на социјалните мрежи потврдувајќи дека и двајцата завршиле во притвор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Кристиано Роналдо куртули од обвиненијата за силување – еве како се спаси

Фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо официјално ќе одбегне обвинение за силување, потврди …