Европскиот шампион Фенербахче објави дека со нетрпение го очекува враќњето на Перо Антиќ пред дуелот со Црвена Звезда во Истанбул.
Фенербахче на својот Твитер профил објави слика на Антиќ како централна фигура на натпреварот помеѓу двата тима.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Внимание! Антиќ, кој со голем успех го носеше дресот на Фенербахче и даде удел во историскиот успех на клубот, се враќа во Истанбул“, објави Фенербахче.
Антиќ на тоа одговори дека е многу возбуден што повторно ќе игра на „Улкер“ арената и порача: „Се гледаме во вторник“.
Македонецот за две сезони остави голема трага во Фенербахче освојувајќи две титули шампион на Турција и една европска круна.
❗️Dikkat! Formamızı iki sezon boyunca başarıyla terleten ve bu süreçte elde edilen tarihi başarılarımızda pay sahibi olan @antic12pero 19 Aralık Salı günü 20:45'te @UlkerSportArena'ya Fenerbahçe Doğuş ? @kkcrvenazvezda maçıyla dönüş yapıyor! #NeverEnough ?? pic.twitter.com/NhTQvOvzzC
— Fenerbahçe Doğuş (@FBBasketbol) December 18, 2017