Дома Македонски спорт Мак фудбал Владица Брдаровски потпиша за Шкупи

Владица Брдаровски потпиша за Шкупи

Македонскиот вицешампион Шкупи вчера објави дека нов играч на овој тим е Владица Брдаровски.

Брдаровски го носеше дресот на Дрита од Косово, а сега се враќа во првата македонска фудбалска лига. Со Шкупи потпиша договор на една сезона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„После една година повторно ќе играм во Македонија. Можам да кажам дека моите амбиции и амбициите на клубот се поклопија. Заедно ќе се бориме за титулата и други успеси. Пред нас се силни ривали како Шкендија, Академија Пандев и Струга, но верувам во соиграчите и стручниот штаб на чело со Гоце Седлоски. Тој многу добро знае како се освојуваат титули“, изјави Брдаровски.

Брдаровски дресот на Вардар го носеше од 2015 до 2020 година, претходно настапуваше за Пелистер и Работнички. Надвор од нашата држава играше ушт за Ѓер и Брно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…