Дома Македонски спорт Мак баскет Владата ќе ги награди со три милиони денари младите кошаркари кои го освоија златото на ЕП

Владата ќе ги награди со три милиони денари младите кошаркари кои го освоија златото на ЕП

Кошаркарската репрезентација до 18 години која стигна до златниот медал на Европското првенство во Скопје ќе добие награда од Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

ж„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа “златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави Мицкоски.

Македонските кошаркари до европското злато во „Б“ дивизијата стигнаа со осум победи во исто толку натпревари, а на следниот шампионат ќе бидат дел од „А“ дивизијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…