Утре покрај големото финале на Европското првенство, се игра и финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Ова е второ финале на Вимблдон во низа во кое се среќаваат српскиот и шпанскиот тенисер, минатата година славеше Алкараз. Цените за утрешниот тест ги срушија сите рекорди.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според сајтот „Тик Пик“ влезница за финалето за овој меч изнесува неверојатно 10.600 долари што е рекорд за компанијата што ги продава.
Секако, вакви се цените за малиот број билети кои останаа во продажба, навивачите кои претходно си резервирале билет платил „нормална“ цена.