Дома Фудбал Италија Вирус го „покоси“ Лацио пред дербито со Милан!

Вирус го „покоси“ Лацио пред дербито со Милан!

Фудбалерите на Лацио во недела ги очекува натпревар против Милан, а во овој натпревар клубот од Рим влегува со проблеми во составот.

Еден од најважните играчи на овој клуб, Сергеј Милинковиќ Савиќ би можел да го пропушти натпреварот поради вирус. Освен него надвор од тренажен процес поради истата причина се Томас Старкоша и Адам Марушиќ, а се уште се испитува состојбата со Патрик и Педро. На вчерашниот тренинг Сари не можел да смета на дури десетмина фудбалери.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Газета“ пишува дека не станува збор за коронавирус. Најголем удар секако би било евентуалното неиграње на Савиќ, дали ќе настапи ќе биде познато веројатно во текот на утрешниот гол.

Сезонава Сергеј зад своето име има девет голови и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …