Рафаел Надал без проблеми се пласираше во второто коло на Вимболдон.
Шпанецот го елиминираше Дуду Села со максимални 3:0 во сетови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изедначен меч гледавме само на стартот, во првите шест гејма. Тогаш Села успеавше да му се спротистави на Надал и се држеше на 3:3. Сепак во следните минути Надал освои три гејма за 6:3 во првиот сет.
Со истиот резултат Надал го доби и вториот сет, додека во третиот беше 6:2.
Шпанецот во второто коло ќе игра против подобриот од мечот Поспишил – Кукушкин.
Со победа од 3:0 во сетови (7:5, 6:2, 6:0), стартуваше и Зверев против Дакворт.
Едно од изненадувањата го приреди Американецот Тиафе кој го елиминираше Вердарско со 1:3.