Легендарниот италијански фудбалер, Кристиан Виери даде свое видување за утрешното дерби помеѓу Интер и Милан.
Виери даде интересен коментар за Ибрахимовиќ, кој неодамна се врати на тренинзите откако го победи коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Виери тврди дека тоа воопшто нема да влиае на формата на Златан, кој според него ќе игра клучна улога во дербито.
„Никој го нема неговото искуство, а исто така ниту техниката, визијата, способноста да постигнува голови. Тој го мотивира целиот тим и го подигнува квалитетот на секој играч што игра со него“, истакна Виери.
Виери тврди дека Ковид 19 не оставил никакви последици на него.
„Верувајте ми, Ибра ќе го одигра дербито со цигара во уста“.