Дома Фудбал Виери: Во Атлетико секоја вечер излегувавме, пиевме и се шетавме, но бев најдобар стрелец

Виери: Во Атлетико секоја вечер излегувавме, пиевме и се шетавме, но бев најдобар стрелец

Кристијан Виери долго време беше еден од најдобрите стрелци во Европа и освен во Италија играше уште и во Шпанија.

Виери една година беше дел од Атлетико Мадрид и во сезоната 1997/1998 беше вистински хит и со 24 гола зад себе ги остави ѕвездите на Барселона, Ривалдо (19) и Луис Енрике (18).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега Виери откри дека освен што му одело одлично на играчки план, откри и дека добро се забавувал во вечерните часови.

„Кога бев во Мадрид излегував секоја вечер, не одев сам, сите излегуваа и јас не можев да седам дома. Но, бев најдобар стрелец. Одевме доцна на вечера, а потоа пиевме и се шетавме“, изјави Виери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата откри сомнителна операција на Барселона вредна 10 милиони евра

Проблемите на Барселона со судскиот систем се заоструваат. Документ од каталонската полици…