Четири натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, а во центарот на вниманието бепе Ману Џинобили, кој стана вториот 40-годишник во историјата на лигата кој на две средби по ред постигнал најмалку 20 поени.
Највозбудливиот натпревар го одиграа Портланд и Сан Антонио, а беше решен на шест секунди до крајот кога Си-Џеј Мекалум ги постигна поените за победа на Трејлблејзерс 111:110. Во последната секунда Ламаркус Олдиџ не реализира шут за победа на спортивната страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Блескаше 40-годишниот ветеран на Сан Антонио, Ману Џинобили кој постигна 26 поени и стана првиот играч по Мајкл Џордан кој на оваа возраст на две средби по ред постигнал најмалку 20 кошеви. Портланд го предводеа Мекалум со 25 поени и Јусуф Нуркиќ со 17 поени и 13 скока. Кај Сан Антонио најефикасен беше Олдриџ со 30 поени и 14 скока.
Расел Вестбрук го забележа 93-от трипл-дабл во кариерата, но тоа не беше доволно Оклахома да го избегне поразот од Феникс 114:110.
Вестбрук имаше учинок од 26 поени, 11 асистенции и 10 скока, што е негов 14.трипл-дабл во сезоната. Феникс го предводеа Девин Букер со 26 поени и 11 асистенции, односно Ти-Џеј Ворен со 23 поени.
Резултати:
Далас – Њујорк 96-100
Феникс – Оклахома 114-100
Портланд – Сан Антонио 111-110
ЛА Лејкерс – Атланта 132-113