Дома Фудбал Останато Видео: Јунајтед загуби од Хал, но ќе оди на Вембли

Видео: Јунајтед загуби од Хал, но ќе оди на Вембли

Манчестер Јунајтед загуби во Хал со 2:1, но ќе игра во финалето во Лига купот, благодарение на триумфот 2:0 во првиот меч пред своите навивачи.

Манчестер Јунајтед против тимот кој се бори за опстанок во Премиерлигата не блескаше, но успеа да ја оствари целта и да се пласира во финалето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хал го отвори резултатот во 35-та минута кога Хадлстон постигна гол од пенал. Израмнување на резултатот донесе Погба во 66-та минута, а конечниот резултат го постави Нијасе на пет минути до крајот на мечот.

За Хал на овој меч дебитираа стрелецот Нијасе кој дојде од Евертон и Марковиќ кој пред три дена пристигна од Спортинг Лисабон.

Манчестер Јунајтед во финалето ќе игра против Саутемптон на 26.февруари на Вембли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул донесе одлука за Мохамед Салах

Ливерпул убедливо го совлада тимот на Ајнтрахт од Франкфурт, а во таа победа немаше учеств…