Вистинска драма и пресврти се случуваа во последните моменти од натпреварите во Групата Б. На крајот Шпанија заврши како првопласирана, а Португалија на второто место.
Шпанија се спасуваше од пораз против Мароко во судиското продолжение. Во 14-та минута после една грешка на одбраната Бутаиб го донесе Мароко во водство, а пет минути подоцна израмни Иско.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме Шпанија имаше иницијатива, но стигна нов шок и Африканците поведоа со 2:1, а во 93-та минута Аспас го израмни натпреварот, што на крајот се покажа како доволно за прво место во групата.
Португалија стравуваше до последниот свиреж на судијата. Кварезма со прекрасен гол ги донесе Португалците во водство. Во второто полувреме Роналдо имаше можност да го реши победникот, но не успеа да реализира пенал.
Во судиското продолжение ВАР досуди пенал за Иран, а сигурен од белата точка беше Ансарифард. Иранците во 95-та минута имаа чиста шанса со која што можеа да ја елиминираат Португалија и да напишат историја, но Европскиот шампион се спаси и патува во осминафинале.
Во осминафиналето ќе играат Португалија против Уругвај и Шпанија против домаќинот Уругвај.