Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Чудесната парада на Шмајхел со која не дозволи погодок на Бејл

ВИДЕО: Чудесната парада на Шмајхел со која не дозволи погодок на Бејл

Данска со 2:1 славеше против Велс во одличен и возбудлив натпревар на најголемите ривали за првата позиција во групата Б.

Данците со оваа победа ја обезбија првата позиција на едно коло пред крајот. Гостите стигнаа до водство 42-та минута преку Николаи Јоргенсен после одличната брза контра. На 2:0 зголеми Марти Браитвајт во 88-та минута.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Една минута подоцна Герет Бејл успеа да намали на 1:2, а тоа беше и конечниот резултат.

Сепак, кој знае како ќе завршеше овој натпревар доколку на осум минути пред крајот при резултат 1:0 за Данска Каспер Шмајхел не направеше чудо на голот.

Бејл изведе одличен слободен удар од околу 25 метри, топката одеше под пречката, но данскиот чувар на мрежата со фантастична парада го одбрани својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мохамед Салах по трет пат ја доби наградата за најдобар

На свечената церемонија во Лондон, Мохамед Салах и Алесија Русо беа прогласени за најдобри…