Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревари.
Торонто ја оправда улогата на фаворит против Вашингтон со 114:106, Филаделфија го надигра Мајами со 130:103, а Њу Ореланс направи брејк и дојде до победа против Портланд на гостински терен.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Торонто и Филаделфија иако не им беше лесно може да се каже дека стигнаа до очекувани победи.
Вашингтон како осмопласиран тим на истокот му се закани на Торонто и водеше на полувремето со 59:55. Сепак, Рапторси во вториот дел ја вратија контролата на натпреварот запишаа победа.
Серж Ибака беше најефикасен со 23 поени 12 скокови, Демар Дерожан додаде 17 поени и шест асистенции, Ануноби и Си Џеј Мајлс уфрлија по 12, а Кајл Лаури 11 поени и 9 асистенции.
Најубедливата победа ја оствари Филаделфија, но на полувремето против Мајами не им одеше баш најдобро – Мајами имаше предност од четири разлика. Во вториот дел домаќинот заигра подобри и уфрли дури 74 поени со што стигна до победата.
Важно е да се напоменене дека до победа Филаделфија стигна без својот најдобар играч Џоел Ембид.
Најефикасни беа Џеј Џеј Редик со 28 поени, Дарио Шариќ со 20 и шест скокови, Марко Белинели со 25 поени, на другата страна Олиник стигна до 26 поени и пет скокови.
Резултатски најинтересен беше натпреварот помеѓу Портланд и Њу Орлеанс каде што Пеликанси стигнаа брејк и победа на гостински терен од 95:97 и тоа без Демаркус Казинс.
Њу Орлеанс беше предводен од Ентони Дејвис кој броеше до 35 и 14 скокови, покрај тоа додаде четири блокади и две украдени топко. Зад него следуваа Холидеј со 21 поен и Никола Миротиќ со 16 поени и 11 скокови.
НБА резултати
Торонто – Вашингтон 116:106 (1:0)
Филаделфија – Мајами 130:103 (1:0)
Портланд – Њу Орлеанс 95:97 (0:1)