Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Ултрасите на ПСЖ и Наполи имаа средба се случи нешто неочекувано!

ВИДЕО: Ултрасите на ПСЖ и Наполи имаа средба се случи нешто неочекувано!

Не мора секогаш да гледаме несакани сцени кога во прашање се најжестоките навивачи на два клуба.

Францускиот медиум „Ле Парисиен“ објави видео од случувањата пред „Паркот на принцовите“ пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Наполи во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Имено, ултарасите на францускиот и италијанскиот клуб се сретнаа во близина на стадионот на „светците“, а можеме да кажеме дека нивната средба помина крајно неочекувано.

Не видовме никаков судир на што не навикнаа голем број навивачи на некои други клубови. Тоа е така затоа што навивачите на Наполи и ПСЖ се во добри односи од 2016 година.

Примирје помеѓу најжестоките навивачи владее од кога „воџата“ на навивачите на ПСЖ им пријде на улрасите на Наполи и им објасни дека неговиот татко навивал за клубот од Неапол.

Вечерва се поздравија со песна и пиротехничко шоу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Надал се огласи за случајот на Синер и даде изјава каква што не се очекуваше

Рафаел Надал повторно застана во одбрана на Јаник Синер, чии се суспензија поради допинг с…