Само четири натпревари беа на програмата синоќа во НБА лигата,а најинтересниот се одигра во Њујорк каде домаќинот после продолженија беше поразен од Њу Орлеанс.
Њујорк во својот „Медисон Сквер гарден“ во текот на целиот натпревар имаше предност и се чинеше дека сигурно ќе стигне до победата, но на крај Њу Орлеанс се врати и во мечот и славеше со 118-123.
Гостите до триумфот беа предводени од одличниот Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 48 поени, 17 скока како и четири украдени топки и три блокади и заедно со Џру Холидеј и Демаркус Казнс беше најодговорен за победата на Пеликанс.
Резултати:
Мајами – Милвоки 97:79
Феникс – Индијана 97:120
Минесота – Портланд 120:103
Њујорк – Њу Орлеанс 118-123